Македонските ракометари го имаат распоредот на натпреварите кои ќе ги играат во Вараждин, во втората фаза од Европското првенство.
Македонија првата фаза во Ц-групата ја заврши на првото место со 5 бода, а во новоформираната група ќе пренесе три бода. Понатаму одат и Германија која носи два и Словенија која ќе пренесе еден бод.
Од Д-групата со која вкрстува групата во која беше Македонија, понатаму одат Шпанија, Данска и Чешка и сите носат по два бода.
Првиот меч во Вараждин Македонија ќе го одигра на 21.јануари против репрезентацијата на Шпанија, два дена подоцна избраниците на Раул Гонзалес ќе играат против Чешка, а ден подоцна оваа фаза Македонија ја затвора со натпреварот против Данска.