Американската актерка, оскаровката Хали Бери своето режисерско деби ќе го има во филм базиран на ММА борбите. Филмот „Bruised” се уште е во постпродикција, а во него Бери ја игра главната улога.
Нејзина противничка во филмот и е вистинска ММА ѕвезда, Валентина Шефченко, УФЦ шампионка во мува категорија.
„Се работи за посрамотена ММА боречка ѕвезда на која и се ближи крај на кариерата. Се борев со вистинска шампионка, Валентина Шевченко, и знаете што, мораше да упати вистински удари и јас морав да ги издржам. Навистина ми скрши неколку коски. Таа е ѕвер, но не можев да посакам подобра учителка и партнерка за борби на снимањата. Повремено имав чувство дека навистина се борам, имавме и вистиснки ММА судија“ – раскажа Хали Бери.