Германскиот тенисер, Александер Зверев, моментно седми на АТП листата тренира на Флорида додека трае прекинот на сезоната поради коронавирусот. Преку друштвените мрежи контактира со колегите.
Додека сезоната е прекината, начелно до 13 јули, тој вели дека работи на подобрување на сервисот и на самодовербата.
Германецот одбра интересен начин на поминување на деновите во изолација.
На социјалните мрежи откри како се снаоѓа во голфот, но со еден потег баш и не се прослави. Сепак се работеше за тешка позиција.
Погледнете: