Откако им стана јасно дека Пјер-Емерик Обамејанг нема намера да остане во клубот челниците на Арсенал ја одредија цената за својот капитен.
Обамејанг има договор со Арсенал до 30 јуни 2021 година. Претстојниот преоден рок е последна шанса клубот да заработи од трансферот на Габонецот.
30 годишниот напаѓач се поврзува со неколку врвни тимови: Реал, Барселона, Челси, Манчестер Јунајтед меѓутоа според францускиот медиум „Ле 10 Спорт“ тој кариерата ќе ја продолжи во Италија.
Интер биле најблиску до потписот на Обамејанг но под услов да го продадат Лаутаро Мартинез.
Арсенал ја одредиле цената за капитенот, таа изнесува 60 милиони евра.