Никој нема да може да ги надмине успесите и достигнувањата на Лионел Меси со Барселона, смета неговиот поранешен соиграч Самуел Ето, додавајќи дека Аргентинецот уште кога играл за Барселона Б се знаело дека ќе биде „голем фудбалер“.
Ето беше соиграч на Меси од 2004 до заминувањето во Интер во 2009 како дел од договорот со кој Златан Ибрахимовиќ пристигна на „Ноу Камп“. Ето беше дел од пеколниот напад на Барса во кој беа и Тјери Анри и Роналдињо, тим кој освои три шпански титули и два трофеи од Лигата на шампионите и 39-годишниот Камерунец имаше одлична шанса да го види растот на Меси.
„Тој на почетокот играше за Б-тимот и за првиот тим и сите забележуваа дека е многу добар. И тогаш знаевме дека еден ден ќе биде голем фудбалер. Среќен сум бидејќи до врвот стигна поради сопствената напорна работа. Според мене тој воопшто не е променет. Уште е истата добра личност која ја запознав тогаш. Неодамна кажа ’Благодарам на Самуел’ за советите и тоа ми значеше многу и горд сум што стигна дотаму. Ќе биде многу тешко, дури и невозможно да се надминат неговите остварувања. Уште позначајно е што сите го почитуваат, му се воодушевуваат како фудбалер и како човек. Горд сум што сум негов пријател“, вели Ето.