Контроверзниот англиски фудбалер, Џои Бартон (37) сите го паметат како темпераментен фудбалер без „влакна на јазикот“ кој беше остар и бескомпромисен на теренот, често и претерано.
Бартон во кариерата имал можност да игра против Лампард, Џерард, Рој Кин и Сколс, но за Хрватот Лука Модриќ има најголеми пофалби.
„Среќен сум што играв против големи имиња. Против Рој Кин играв кога тој беше на крајот на кариерата, не беше толку моќен. Сколс беше тешко да го следиш, Џерард беше физички силен, можеше се. Лампард беше врвен во давање голови, а за мене во тоа време најдобра `четворка` беше Макелеле. Би можел да набројувам уште долго, но оној против кого имав среќа да играм беше Лука Модриќ, додека играше за Спарси“ – вели Бартон.
Модриќ за Тотенхем настапуваше од 2008 до 2012 година, по што се пресели во Реал Мадрид.
„Се сеќавам дека при излегување на терен тогаш си помислив дека е најдобриот во Премиерлигата против кого сум играл. Си помислив дека тој е играч од потполно друга димензија. Тој е најдобриот против кој сум играл“ – рече Бартон.
Англичанецот во кариерата го носеше дресот на Манчестер Сити, Њукасл, Барнли, Ренџерс, Марсеј.