Легендата на Арсенал, Тјери Анри признава дека му е тешко да се навикне на животот во Канада во карантин во исчекување да се врати МЛС сезоната.
Анри по неуспешниот престој на клупата на Монако, минатиот ноември ја презеде тренерската улога во тимот на Монтреал импакт и додека трае изолацијата поради корона вирусот тешко ја наоѓа концентрацијата.
„Се будам, вежбам, готвам, се релаксирам, па пак вежбам. Понекогаш гледам некои натпревари, навечер пак готвам. Едно нешто сега го забележив – морам да ја чистам куќата секои две минути. Обично не сум дома, па не готвам многу, но сега постојано морам да мијам садови и да раскревам. Тоа е тоа“, вели Анри.
Анри корона вирусот го стави во чудна позиција – по само неколку месеци во Монтреал, кога почна пандемијата, тој беше еден од само двајцата гости во хотелот „Риц-Карлтон“ во центарот на градот заедно со дефанзивецот на клубот Луис Бинкс, додека цело негово семејство е во Франција.