Менаџерот на Тотенхем Жозе Мурињо во интервју за „Скај Спортс“ рекол дека негова голема желба е сезоната во Премиерлигата да продолжи.
Натпревари во Англија не се играат веќе седум недели, а поради коронавирусот не е познато кога сезоната ќе може да продолжи.
„Ако ги одиграме преостанатите девет натпревари тоа ќе биде прекрасно за сите нас. Ќе биде прекрасно за фудбалот, фудбалерите, навивачите, Премиерлигата. Доколку донесат одлука да играме без публика, сакам да верувам дека фудбалот не може да се игра без публика. Има ТВ преноси, среќен сум што Премиерлигата ја гледата неколку милиони луѓе во светот. Мое лично мислење е дека кога ќе излезам на теренот пред празни трибини, дека нема да се чувствувам како да сум на празен стадион, ќе мислам на сите оние што не гледата на телевизија“, рекол Мурињо.
Инаку поради коронавирусот Тотенхем го отвори својот стадион за потребите на пациентите на женската болница и за персоналот на нивната амбуланта.