Top Sport

Рахим Стерлинг пред договор од 100 милиони фунти со „Пума“

Напаѓачот на Манчестер сити, Рахим Стерлинг е многу блиску до потпишување на договор вреден 100 милиони фунти со производителот на спортска опрема „Пума“, откако неговиот досегашен договор со „Најк“ ќе заврши.

Англиската ѕвезда има договор со „Најк“ до 30 јуни, но сега ќе стане најплатениот фудбалер на „Пума“, кои веќе се спонзори на Манчестер сити, тврди „Скај спортс“. Повеќе фудбалери на клубот, како Серхио Агуеро, Давид Силва и Олександер Зинченко имаат договори со „Пума“, а минатото лето сличен договор потпиша и менаџерот Пеп Гвардиола.

25-годишниот Стерлинг со овој договор би станал првото лице на глобалната рекламна кампања на „Пума“ и би работел со американскиот рапер Џеј-Зи, кој од неодамна е креативен директор на компанија за одделот за патики.

Стерлинг, кој дојде во Сити од Ливерпул во 2015 за 49 милиони фунти стана еден од најдобрите фудбалери на Сити под Гвардиола и неодамна беше поврзуван со трансфер во Шпанија. Оваа сезона тој постигна 20 гола во 39 настапи.

Scroll to Top