Спортистите во Србија од денес започнаа со тренинзите. Во првата фаза тие можат да тренираат на отворено, во групи од најмногу десет играчи со заштитни маски и почитување на социјалната дистанца.
Кога станува збор за фудбалот во оваа земја, сезоната ќе продолжи кон крајот на месецот.
„Таков е договорот, до крајот на месецот да продолжат првенствата на оние спортови кои се одржуваат на отворено, значи фудбалското првенство. Наскоро ќе се врати и кошарката, односно спортовите кои се играта во сала. Секако без публика“, изјавил синоќа претседателот на Србија Александар Вучиќ.
Како и о поголемиот дел од Европа спортските натпреварувања се прекинати на почетокот на март.