Top Sport

Пред 40 години на „Пољуд“ сите плачеа по другарот Тито (Видео)

На денешен ден пред 40 години беше објавено дека почина поранешниот претседател на СФР Југославија, Јосип Броз Тито.

Во моментот кога на ТВ екраните била пласирана вестта за смртта на доживотниот претседател на Југославија, на стадионот „Пољуд“ во Сплит, се играл натпреварот помеѓу актуелниот шампион Хајдук и лидерот на табелата Црвена звезда.

Веста дека Тито починал била објавена во 41 минута при резултат 1:1. Три непознати лица влегле на теренот и го прекинале мечот, а на разгласот на стадионот било соопштено дека починал другарот Тито.

Во истиот момент низ солзи гледачите и играчите на теренот започнале да скандираат: „Друже Тито ние ти се колнеме“.

„Атмосферата беше ужасна, мачна, секој ден очекувавме да добиеме вест дека Тито починал. Денес можат луѓето да зборуваат што сакаат, но ние тогаш навистина го сакавме. Бев тажен бидејќи пораснав крај Тито. Тогаш имав 25 години, бев популарен, но не можев да разберам дека треба живтот да продолжи без него. Се сеќавам стоев покрај судијата и Златко Вујовиќ, десната рака ја држев на срцето. тој ден се беше спонтано. Тие сцени потресни и прекрасни, не ми е јасно дека денес некој тоа го негира. Имавме прекрасен живот. Ни обезбеди бесплатен здравствен систем, направи многу работи. Тогаш немаше корона, а денес кога би требало да имаме супер живот сѐ распаѓа како во времето на шпанскиот грип. Сега е популарно да се плука по него и по социјализмот. Јас би ве прашал што добивме од капитализмот за да можеме да кажеме дека животот ни е подобар и поквалитетен“, рекол еден од најдобрите фудбалери во историјата на Црвена звезда, Владимир Петровиќ-Пижон.

Scroll to Top