Кристијан Колмен го сруши светскиот рекорд на 60 метри во сала, откако во Клемсон, Јужна Каролина истрча неверојатни 6.37 секунди.
21-годишниот Американец, кој освои сребро на 100 метри зад сонародникот Џастин Гетлин на Светското првенство минатата година, го подобри времето од 6.39 поставено од Морис Грин во 1998 година.
Застрашувачки за ривалите, ова беше прва трка на Колмен од сезоната, и „технички“ не е најбрзото време во историјата, бидејќи Јусеин Болт ги помина 60-те метри за 6.31 секунди во трката во која го сруши светскиот рекорд на 100 метри во Берлин во 2009 година.
Сепак, ова го поставува младиот Американец како еден од потенцијалните наследници на Болт, кој стави крај на кариерата на истото Светско првенство на кое Колмен освои две сребра (100 метри и 4х100 метри).
WORLD RECORD!! 6.37s. Great start to my career. Thank You God?? pic.twitter.com/fUZQEpuPgw
— Christian Coleman (@__coleman) January 20, 2018