Top Sport

Бил на проба во Реал, сега рециклира отпад

Луис Енрике Дос Сантос во 2021 година на 14 годишна возраст од Бразил пристигнал во Шпанија за да го покаже својот фудбалски талент.

Бил на проба во Бетис и Реал Мадрид, а поканата ја добил кога еден бизнисмен на „Ју Тјуб“ видел негова снимка како игра фудбал. Меѓутоа не успеал да го оствари планот, денес Дос Сантос работи во фабрика за рециклирање на хартија и пластика во Убераба.

„Бизнисменот го прегледал видеото кое на „Ју Тјуб“ го постави мојот татко кога јас имав осум или девет години. Потоа ме однесе на проба во Оле Бразил. Му се допадна фудбалот што го играв и таму со семејството останав три или четири години“, раскажал До Сантос.

Потоа имал проба во Крузеиро, а добил повик и од Шпанија. Во Реал ги минал тестовите но поради бирократските проблеми се пропаднало.

„Требаше да останам еден месец, да одиграм неколку натпревари“.

Бил во кампот на Реал „Валдебебас“, се сликал додека тренирал и на сите им зборувал дека е играч на Реал. Бајката траела неколку дена кога му порачале да се врати во Бразил.

„Работам како асистент на отпад за рециклирање на хартија и пластика. Мојот сон е повторно да играм фудбал, треба само да добијам шанса за да ја покажам дарбата што сум ја добил од Бога. Во фудбалот се прават многу измами. Не сум висок, поради што пресуди мојата висина, а не квалитетот“, рекол Дос Сантос.

Scroll to Top