Top Sport

Манчестер сити: Не сме добиле понуда за Сане

Манчестер сити ги демантира наводите на германските медуми дека се блиску до постигнување договор со Баерн околу трансферот на Лирој Сане.

Вчера Германците објавија дека Баерн и Сане договориле пет годишна соработка и дека останува уште клубовите да го договорат обесштетувањето. Наводно Баерн понудиле 40 милиони евра, но Сиит барале 10 милиони евра повеќе.

Манчестер сити демантираат дека до нив пристигнала понуда од Минхен за трансфер на крилниот напаѓач. На „Етихад“ биле подготвени да го остават Сане да влезе во последната година од договорот, односно да остане во клубот уште една сезона.

Scroll to Top