Top Sport

Наполи со понуда за иранската ѕвезда Азмун

Наполи ја направиле првата понуда за иранската ѕвезда на Зенит Санкт Петерсбург, Сардар Азмун, со сума од околу 15 милиони евра, тврди „Ла газета дело спорт“.

Според весникот, иранскиот напаѓач бил подготвен да игра во голема лига како Серија А, а во Неапол сметаат на него како на долгорочна замена за Дрис Мертенс. Белгискиот ветеран ја одработува последната сезона од својот договор со „партенопеи“, и спортскиот директор на Наполи, Кристијано Џунтоли ќе почека да се одреди неговата иднина пред да се даде официјална понуда.

Азмун, како фудбалер кој не доаѓа од Европската Унија, ќе треба да влезе во „квотата“ на фудбалери на Наполи, што не би било проблем, бидејќи се очекува дека Леандрињо ќе замине откако немаше ниту еден настап во три години на „Сан Паоло“.

Scroll to Top