УЕФА подготвува нови промени со цел да воведе ред на трансфер пазарот, каде започнаа да се вртат оргомни пари. Иако постои финансискиот фер-плеј на УЕФА најбогатите фудбалски тимови секогаш изнаоѓаат начини да го заобиколат иститот.
Од Европската фудбалска унија најавија дека на состанокот кој е закажан за 24.мај ќе се расправа околу „фер-плеј 2.0“.
Целта на УЕФА е да ја намали разликата помеѓу енормно богатите и клубовите кои немаат многу пари. Изминатите три-четири години таа разлика стана преголема поради што најмногу трпи фудбалот.
УЕФА сака да донесе правило со кое ќе бидат ограничени трансферите поголеми од 100 милиони евра. УЕФА сака да ги спречи трансферите како што минатото лето беше оној на Нејмар за 222 милиони евра.
Доколку тогаш постоеше правилото коие УЕФА сака да го воведе тогаш ПСЖ ќе мораше најпрвин да продаде играчи во вредност од 122 милиони евра, а потоа ќе можеше да го донесе Нејмар во Париз.
Но тоа не е се што подготвува УЕФА. Луѓето од Нион подоготвуваат правило со кое ќе го ограничат брјот на фудбалери во клубовите, нешто што нема да им се допадне на англиските екипи.
УЕФА ќе побара секој клуб да може да има најмногу 25 фудбалери. За премиер во Англија некои клубови, како Челси и Манчестер Сити во својот ростер имаат и по 60 фудбалери.
Она што барем засега е нејасно е како УЕФА ќе се справи со ткн. позајмици со обврска истиот потоа да биде откупен.
ПСЖ таква зделка направи со Килијан Мбапе, го позајми од Монако, но по завршувањето на оваа сезона ќе мора да плати 180 милиони евра за неговиот трансфер. Токму со оваа едногодишна позајмица ПСЖ успеа да го заобиколи финансискиот фер-плеј на УЕФА.