Ливерпул ќе направат сè да го осигураат Садио Мане и покрај шпекулациите дека Реал Мадрид ќе даде понуда која ќе биде тешко да се одбие, нудејќи му нов богат договор на Сенегалецот.
Мане е еден од клучните фудбалери на Јирген Клоп и „црвените“ сакаат да се осигураат дека тој ќе остане до крајот на кариерата на „Енфилд“, тврди „Фудбал инсајдер“. Актуелниот договор на Мане со Ливерпул завршува во 2023 година, кога тој ќе има 31 години.
Сезоната 2018/19 беше фантастична за Мане, кој излезе од сенката на соиграчот Мохамед Салах и ја освои титулата на африкански фудбалер на годината, а лани исто така беше втор зад Лионел Меси во изборот за „Златната топка“. Одличната форма продолжи и во фантастичната 2019/20 за Ливерпул со 14 гола и 9 асистенции во Премиер лигата.
Мане има вкупно 77 гола и 34 асистенции во 161 натпревар за Ливерпул, каде што пристигна од Саутемптон.