Top Sport

Дејвис отпадна – Тони Џерона ќе ја предводи Србија

Каталонецот Тони Џерона, а не тренерот на Веспрем Давид Дејвис Камара ќе биде новиот селектор на ракометната репрезентација на Србија, објави „Моцарт Спорт“. Според овој извор Џерона на функцијата ќе биде промовиран во наредните денови.

Џерона е тренер на францускиот прволигаш Шартр, а до пред неколку месеци го предводеше и Тунис. Со оваа селекција стана шампион на Африка.

Долгогодишен асистент на Џерона му е поранешниот голман на Србија, Зоран Ѓорѓиќ, кој ќе му биде прв асистент и во српската селекција.

Кариерата како тренер Џерона ја започнал во Барселона, каде ги водел младинските екипи, а бил и асистент во првиот тим.

На селекторската функција Џерона ќе го наследи Ненад Перуничиќ кој си поднесе оставка во Европското првенство.

Scroll to Top