Top Sport

Атлетико ќе го задржи Караско

Атлетико Мадрид сака да го задржи Јаник-Фереира Караско во својот тим и наредната сезона, односно сака да го откупи неговиот договор од Далијан Јифанг. Бегиецот во јануари на позајмица пристигна од Кина во Мадрид.

Караско треба да одработи уште две години од договорот со Далијан, меѓутоа Атлетико сака да го откупи договорот на својот поранешен фудбалер.

Кинезите наводно биле подготвени да ја продолжат позајмицата, не е сигурно дека ќе се согласат да го продадат.

Наводно Атлетико би требало да платат 23 милиони евра за да го откупат Караско.

Белгиецот во првиот мандат во Атлетико (2015-2018) одигра 81 натпревар и постигнал 17 голови.

Scroll to Top