Поранешниот фудбалер Андреа Пирло говорел за играчот за кого многумина сметаат дека е негов легитимен наследник, Сандро Тонали од Бреша.
Пирло рекол дека Тонали не е тип на играч каков што бил тој, единствени работи кои ги спојувале биле Бреша и фризурите.
„Тој не е тип на играч каков што бев јас. Слични сме по тоа што тој игра во Бреша каде што играв и јас и по тоа што имаме слични фризури. Го гледам како целосно поинаков фудбалер. Јас не бев толку комплетен. Подобар е во фазата на одбрана, во позиционирањето. Тоје микс на Пирло и други играчи. Сигурно е најталентираниот италијански играч за врска, но не мислам дека е мој наследник, игра поинаков фудбал. Убеден сум дека ќе стане голем фудбалер“, рекол Пирло.
Тонали игра одлично во Бреша, поради што италијанските великани Јувентус, Интер и Милан водат голема борба за неговиот потпис. Бреша за Тонали бара 60 милиони евра.