Кристијано Роналдо ја прекина голгетерската агобнија во Ла Лига, постигна два гола во убедливата победа на Реал над Ла Коруња 7-1 и не само тоа Португалецот за кого велат дека ќе го напушти клубот на овој меч карвареше за „кралскиот клуб“. Буквално.
Португалецот со два гола и асистенција заедно со Марсело (две асистенции), односно Начо и Бејл кои постигнаа по два гола, го раздвижија тимот кој ја прекина серијата од три неуспеси во првенството.
Одличната вечер на Кристијано против Ла Коруња не ми ја расипа ниту незгодниот удар кој го доби од противничкиот дефанзивец Фабијан Шер, по што неговото лице беше облеано во крв.
Состојбата со повредата Португалецот ја провери со мобилен телефон, можеби направи и „слефи“ за да го заокружи доброто издание.