Top Sport

Ќе настане апокалипса ако се поништи сезоната

Претседателот на Џенова Енрико Прециози е е ден од оние што се залагаат сезоната во Серија А да продолжи. Според него доколку тоа не се случи ќе настанат несогледиви последици по клубовите и италијанскиот фудбал.

„Ќе имаме апокалиптично сценарио доколку сезоната не продолжи. Тоа би ги уништило плановите на сите фудбалски работници. Се уште чекаме да видиме што ќе решат ТВ компаниите. Доколку не продолжи сезоната Џенова ќе изгуби 20 до 30 милиони евра, доколку тоа е точен податок. Постои проблем и со сезонските влезници…Би се случила катастрофа“, рекол Прециози.

Инаку Џенова се наоѓа на 17 место во Серија А, ист број на бодови има и Лече кој се наоѓа во опасната зона.

Scroll to Top