Top Sport

Дозволени индивидуални тренинзи

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција информира дека спортистите можат да започнат со индивидуални тренинзи на отворено.

Според него доколку епидемиолошката слика биде онаква каква што очекуваат надлежните тогаш од наредната недела би требало да започнат и тимските тренинзи на отворено.

Ова значи дека фудбалската сезона во земјава ќе продолжи, кога тоа би можело да се случи ќе треба да договорат Фудбалската федерација на Македонија и клубовите.

Во последната недела од овој месец би требало да бидат дозволени и тренинзи во салите.

foto/fkrabotnicki.com

Scroll to Top