Мигел Гарсија Куилон открил дека великани на шпанскиот фудбал се заинтересирани за услугите на неговиот клиент, фудбалерот на Наполи Хосе Калјехон. Договорот на Калјехон со Наполи истекува по завршувањето на сезоната.
„Долго време веќе не сме разговарале со луѓето од Наполи. Нема да го продолжиме договорот. Три големи клуба од Шпанија дојдоа со понуди“, рекол Куилон.
Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид има 33 години, сезонава за Наполи постигнал два гола и забележал девет асистенции.