Англискиот шампион, Манчестер сити почна да ги враќа парите на носителите на сезонските билети за преостанатите мечеви оваа сезона.
Сити треба да одиграат шест меча од Премиер лигата на „Етихад“ во 2019/20, вклучувајќи мечеви против Ливерпул и Арсенал, но бидејќи дури и да продолжи шампионатот тој ќе мора да се одигра без гледачи, фановите ќе ги добијат парите назад.
Досега уште само Норич и Брајтон од премиерлигашите потврдија дека ќе им враќаат пари на носителите на сезонски билети.