Давид Силва ги брои своите последни денови во Манчестер сити. Неговиот договор истекува на 30 јуни. Сити до крајот на сезоната треба да одигра уште десет натпревари, а има и натпревари во ФА купот и Лигата на шампионите.
Како сега стојат работите сезоната за овој клуб може да трае до крајот на август. Силва рекол дека ќе остане во клубот се додека и официјално не биде завршена сезоната 2019/2020.
Дури потоа тој ќе се пресели во друг клуб. Наводно за него се заинтересирани Валенсија и Интер Мајами.