Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ верува дека може да ги урне рекордите кои се во сопственост на Роџер Федерер. Швајцарецот има освоено најмногу грен слем трофеи и најмногу недели бил број 1 на АТП листата.
Ѓоковиќ досега во кариерата освоил 17 грен слем трофеи, на вечната листа се наоѓа на третото место. Пред Ѓоковиќ се Рафаел Надал со 19 и Роџер Федерер со 20 грен слем трофеи.
Српскиот тенисер е број 1 на АТП листата, во кариерата на првото место минал 282 недели. Подобри од него се Пит Сампрас со 286 и Роџер Федерер со 310 недели.
„Верувам дека можамда освојам најмногу грен слем титули и дека можам да го соборам рекордот за најмногу недели минати на првото место на АТП листата. Тоа се моите цели. Во исто време тоа не се единствените работи кои ме мотивираат. Она што ме движи секој ден има врска со мојот личен напреодк“, рекол Ѓоковиќ во разговорот со Греем Бесинџер.