Капитенот на Монпелје, Виторино Хилтон потпиша едногодишно продолжување на договорот со францускиот клуб и покрај тоа што има 42 години, потврди прволигашот.
Бразилецот Хилтон, кој пристигна во Монпелје во 2011 година, има 321 настапи за клубот, освојувајќи ја титулата во 2011/12.
„Ова е најубавиот договор кој го имам потпишано бидејќи мислам дека ќе биде мојот последен. Имав сон да играм до мојата 40-та година, така што ова ниту јас не го очекував“, изјави Хилтон.
Минатата сезона тој имаше 33 настапи во сите натпреварувања, вклучувајќи ги сите 28 натпревари во Лига 1 пред сезоната да биде прекината поради епидемијата на КОВИД-19.
✍️ La prolongation préférée de ton club préféré ?
? Vitorino Hilton « C’est la plus belle »
➡️ https://t.co/MbJ446YSKP pic.twitter.com/kGzVhPYEUX— MHSC (@MontpellierHSC) May 15, 2020