Кристијан Колмен во петокот постави нов светски рекорд на 60 метри, меѓутоа од Интернационалната асоцијација на атлетски федерации (ИААФ) потврдија дека нема да го ратификуваат.
Колмен истрча 6.37 секунди во Клемсон, Јужна Каролина, подобрувајќи го рекордот на Морис Грин од 6.39 од Мадрид во 1998 година.
Иако, патеката е официјално призната, во текот на трката не се користеле електронски стартни блокови, нешто што е потребно според правилата на ИААФ. Интересно, и рекордот на Грин од 1998 е поставен без електронски стартни блокови, но тогаш тоа не беше критериум на ИААФ.
Колмен е наследникот на Болт, го сруши рекордот на 60 метри (видео)