Top Sport

Руни: Јунајтед направија голема грешка што го отпуштија Ван Гал

Легендата на Манчестер јунајтед, Вејн Руни вели дека клубот направил огромна грешка што го отпуштил Луис ван Гал во 2016 година, сметајќи дека тимот би бил многу посилен доколку Холанѓанецот останал на чело на тимот.

По само две сезони на „Олд Трафорд“, Ван Гал беше отпуштен и покрај тоа што го освои ФА купот и заменет со Жозе Мурињо и Руни вели дека тоа било глупава одлука.

„Бев уништен кога го отпуштија Ван Гал бидејќи за мене беше прекрасно да работам со него. Моравме да го оставиме и трета сезона и ќе бевме многу посилни. Чувствував дека работите се подобруваа, а фудбалерите ја сфаќаа неговата визија. Јас искрено, научив многу повеќе тие две години од под било кој менаџер. Ќе му бидам благодарен за тоа цел живот. Не само бидејќи ме направи капитен, туку поради огромната доверба. Немавме најдобар тим во лигата, но имавме и 12 повредени фудбалери. Тогаш решив дека еден ден ќе станам тренер“, вели Руни.

Ван Гал не се врати на струката по отказот и во 2019 година објави дека се пензионира. 68-годишниот Холанѓанец неодамна го обвини извршниот потпретседател на клубот, Ед Вудворд дека е „зол гениј“ кој го отпуштил.

Scroll to Top