Младата хрватска ракометарка Матеа Плетикосиќ реши да го смени спортското државјанство. Таа во иднина ќе настапува за Црна Гора.
Плетикосиќ има настапувано за сите младински репрезентации на Хрватска, меѓутоа реши во сениорска конкуренција да игра за Црна Гора.
Таа е членка на Будуќност од 2015 година, досега во кариерата има постигнато 43 голови во Лигата на шампионите.
Бидејќи повеќе од три години е регистрирана како ракометарка на Будуќност таа стекна право да го смени спортското државјанство.
Минатата година дресот на Црна Гора реши да го облече Марта Батиновиќ од Хрватска, а минатиот месец беше објавено дека и Брабара Лазовиќ од Словенија ќе добие државјанство на Црна Гора.