Top Sport

Функционира планот на Ѓоковиќ – тенисерите добија пари

Фондот за помош на тенисерите во периодот на коронавирусот чии основач е Новак Ѓоковиќ започна да функционира.

Српскиот тенисер инцираше да биде формиран фонд кој ќе им помогне на оние тенисери кои на АТП листата се пласирани од 101 до 500 место.

Во овој проект на Ѓоковиќ финансиски му помогнале и неговите големи ривали Роџер Федерер и Рафаел Надал, но некои како Доминик Тим одбија да помогнат.

Помошта во износ од 4.325 долари во понеделникот легнала на сметките на тенисерите.

еден од условите покрај пласманот на АТП листата бил и тие тенисери изминатата година да не заработиле повеќе од 250.000 долари.

Според планот 4.325 долари тенисерите пласирани од 101 до 500 место на АТП листата ќе добија и наредниот месец.

Scroll to Top