Уругвајскиот дефанзивец на Фиорентина, Мартин Касерес вели дека имал корона вирус два месеци без да го знае тоа иако чувствувал „нешто во белите дробови.
Во разговор со својот сонародник Јисела Паола на Инстаграм, Касерес вели дека бил во карантин поради симптомите.
„Без да знам, имав корона вирус во телото 60 дена. Имав некои симптоми од 8 до 15 март. При вежбањето дома, чувствував нешто во градите. Потоа ми кажаа дека морам да одам во карантин и дека ќе ми помине за 20 дена. Можеби вирусот се заљуби и замина. Вчера бев негативен и се чувствувам како нов“, вели Касерес.