Челниците на Милвоки Бакс му врачиле отказ на тренерот на тимот Џејсон Кид, пренесоа американските медиуми. Додека не биде назначен нов тренер екипата ќе ја предводи асистентот на Кид, Џо Прунти.
Американските медиуми објавија дека нејасна е одлуката за смена на Кид, како и дека првата ѕвезда на Милвоки Јанис Адетокумбо бил разочаран од овој потег.
Милвоки во моментов се наоѓа на седмата позиција на Истокот со скор од 24 победи и 22 порази.
За легендарниот плејмејкер Кид ова беше втор ангажман како тренер, откако кариерата ја започна во сезоната 2013/2014 на кормилото на Бруклин Нетс.
Шпекулациите се дека наследник на Кид ќе биде поранешниот тренер на Њу Орлеанс Пеликанс, а сега прв помошник на Грег Поповиќ во Сан Антонио, Монти Вилијамс.