Според францускиот весник „Л’Екип“, лидерот во Франција, Пари Сен-Жермен мора да продаде играчи во вредност од 70 милиони евра до јуни за да ги почитува правилата за финансиски фер-плеј (ФФП) на УЕФА.
Според „Л’Екип“, Контролното тело за финансиска контрола (ЦФЦБ) оценило дека со трансферите на Нејмар и Килијан Мбапе на „Паркот на принцовите“ не се прекршиле правилата, откако ПСЖ плати 222 милиони евра на Барселона за Нејмар, а го доби Мбапе од Монако на позајмица со „ветување“ за трансфер од 180 милиони евра на лето.
Сепак, еден од најбогатите европски клубови ќе мора да ги „среди“ своите финансии до летниот преоден рок, односно да продаде играчи во вредност од 70 милиони евра до 30 јуни, бидејќи во спротивност може да добие казна со исклучување од европските натпревари.