Поранешната светска тенисерка број 1, Каролине Вознијацки вторпат влезе во полуфиналето на Австралија опен, откако со 6:0/6:7(3)/6:2 ја совлада Шпанката Карла Суарез Наваро во меч кој се заврши рано наутро.
По едностраниот почеток во мечот кој почна на полноќ на арената „Род Лејвер“, Вознијацки се соочи со остар отпор од 39-рангираната Шпанка, која спаси меч-поен пред да примора трет сет. Втората носителка Вознијацки сега ќе се сретне со Белгијката Елизе Мертенс во борба за пласман во финалето.
„Знаев дека нема да биде лесно против Карла. Во вториот сет имав шанса да си ја олеснам работата, но тоа не се случи, но за среќа останав смирена во третиот сет. Мертенс имаше одличен старт на годината, но сметам дека можам до финалето и до титулата“, вели Данката.
Wozniacki reaches the semi-finals of the #AusOpen after a hard-fought battle against Suarez Navarro ? pic.twitter.com/tOFiU5KUxM
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) January 23, 2018