Бидејќи во моментов отслужува казна од 13 месеци за прекршувања на правилата за обложување во англиската Премиер лига, Џои Бартон тврди дека тој не е единствениот.
„Ако правам проценка, и тоа конзервативна, би кажал дека 50 отсто од играчите во Англија се обложуваат. Тоа е во клтурата на спортот. Јас бев казнет бидејќи ги прекршив правилата и претерав, но тие знаат дека јас не сум единствениот“, вели Бартон.
Бартон, кој останува играч на Барнли, призна дека се обложил на 1.260 мечеви кога му беше доделена казната.
„Реалноста е сосема поинаква и го имам видено тоа со мои очи. Јас се обложував преку мои сметки за други играчи и мислам дека ако го испитаа случајот до крај немаше да има доволно играчи за да се комплетира лигата“, вели Бартон.