Македонија практично го загуби шансите за пласман во полуфиналето на Европското првенство во Хрватска, откако во нов драматичен финиш, Чесите успеаја да не совладаат со 25:24 со пресврт во последните три минути, а обидот на Дејан Манасков по крајот на регуларното време од пенал да израмни заврши само во рацете на голманот Томаш Мрква.
Нашата репрезентација со повредениот капитен Кирил Лазаров, кој се појавуваше на теренот само за изведување на пенали, водеше во текот на целиот меч, неколку пати со пет гола разлика, за во разочарувачкиот финиш да немаме решение за цврстата чешка одбрана и да потфрлиме. За Македонија останува тежок предизвик пред утрешниот меч со Данска (18.15 часот).
A goal between the Galia’s legs takes the Macedonian team to the second time ahead of Czech Republic, thanks to Martin Velkovski.
Watch it again! #MKDCZE ?? vs ??
@rfmhandball pic.twitter.com/cEKYxvntim— EHF EURO (@EHFEURO) January 23, 2018
Македонија имаше одличен старт, откако Борко Ристовски беше стабилен на голот, а Филип Миркуловски ја презеде одговорноста и со два гола донесе предност од 4:2. Лазаров се врати во тимот за од пенал да постигне гол за водство од 6:2.
Чесите потоа се враќаат во игра и стигнуваат до 8:6, меѓутоа повторно Ристовски е одличен на голот. До 23. минута ја оддржуваме разликата на +2 (9:7), за во финишот да зголемиме на три разлика, пред Чесите во финишот на полувремето да дојдат повторно на два разлика (13:11).
Второто полувреме почна со силна одбрана на двете страни, и дури по три минути игра, Стоилов погодува за водство од 14:11. Македонија повторно има одлична одбрана, а Талески двапати ги „решава“ Чесите за максимални пет гола разлика (17:12).
Чесите се враќаат преку Кашпарек, меѓутоа прво Лазаров (повторно од пенал), а потоа и Велковски со својот трет гол го враќаат водството од +5 (20:15) по 42 минути игра. Сепак, „нишалото“ повторно оди на страната на Чесите, и Хорак намалува на 21:18 на 14 минути пред крајот на мечот.
Чесите успеваат да намалат на само два разлика (22:20), во моментите кога немаме решение во нападот, за во 53. минута со четвртиот гол од пенал на Хрстка, Чесите да израмнат на 22:22.
По тајм-аутот, Дејан Манасков ја користи грешката на одбраната на Чешка за повторно да не врати во водство (23:22), но Чесите бргу враќаат. Стоилов изнудува пенал на другата страна, но ударот на Лазаров го брани Мрква. На три минути пред крајот, Чешка првпат доаѓа во водство (23:24)
Поповски по подолга пауза со својот четврти гол враќа за израмнување, меѓутоа финишот на натпреварот целосно им припаѓа на Чесите, а Македонија го забележува третиот пораз на шампионатот.
РЕЗУЛТАТИ
Македонија – Чешка 25:24
Словенија – Шпанија 31:26
ПОСЛЕДНО КОЛО (УТРЕ)
Словенија – Чешка 16.00 ч.
МАКЕДОНИЈА – Данска 18.15 ч.
Германија – Шпанија 20.30 ч.