Манчестер сити се пласираше во финалето на англискиот Лига куп, откако во реваншот со второлигашот Бристол сити стигна до 2:3 победа во последните минути, за со вкупен резултат од 3:5 да му даде шанса на Пеп Гвардиола да се бори за првиот трофеј со клубот од „Етихад“.
Лирој Сане во 43. минута и Серхио Агуеро на почетокот на второто полувреме постигнаа голови за гостите на „Ештон гејт“.
Бристол, кој претходно го елиминираше Манчестер јунајтед и во првиот натпревар имаше водство и реми до последните минути да одигра за својата публика и со головите на Пек во 64. и Флинт во 94. минута да израмни на 2:2. Меѓутоа, Кевин де Бројне во 96. минута носи победа за премиерлигашот.
Во второто полуфинале утре играат Арсенал и Челси, првиот меч на „Стемфорд бриџ“ заврши без голови.