Јапонскиот производител Јамаха го претстави новиот УЗР-М1 мотоцикл за новата Мото ГП сезона во „Матадеро“ центарот за модерна уметност во Мадрид.
Во тимот остануваат истите возачи, седумкратниот Мото ГП шампион Валентино Роси и младиот Маверик Вињалес, а боите на тимот остануваат исти поради главниот спонзор телеком-гигантот „Мовистар“.
Роси е во втората година од својот двегодишен договор, додека Вињалес на церемонијата потврди дека потпишал нов договор и дека ќе остане во Јамаха до 2020 година. Со новиот мотоцикл, јапонската компанија ќе се обиде да се врати во борбата за титулата, откако во 2017 година резултатите беа разочарувачки, а Хонда и Дукати се покажаа како најсилни тимови.
„Сигурни сме дека ако го направиме мотоциклот попостојан, двајцата возачи можат да се борат за титула. Тоа е главната цел“, вели менаџерот Масимо Мерегали.
What a way to present the 2018 YZR-M1!
Rock on, @valeyellow46 and @maverickmack25!#RacingTheLimits#DesafiamosLosLímites | #MovistarYamaha | #MotoGP | #2018StartsNow | @movistar_es | @MovistarPlus | @movistarlikes pic.twitter.com/3Cm1FA7JVb— Yamaha MotoGP (@YamahaMotoGP) January 24, 2018