Денис Дикмаер (31) фудбалерот на Сандхаусен, клуб кој се натпреварува во Втората германска лига – Цвајта, по 11 години го постигна дебитанскиот гол во професионалната кариера.
Дикмаер кој осум сезони (2010-2018) играше за еден од најславните германски клубови ХСВ постигна гол за својот тим на гостувањето кај Вехен во 28 коло.
Неговиот гол го реши победникот. Бодовите што ги освои Сандхаусен се исклучително важни за овој тим кој се бори за опстанок.
Неговиот гол бурно го прославија членовите на неговото семејство.
Ich glaube, dass Dana Diekmeier sich freut… #Diekmeier #SVWWSVS https://t.co/Z6VV9soFia pic.twitter.com/jXuukIJknP
— Omar Ali (@omar_al04) May 26, 2020
Дикмаер во кариерата одиграл повеќе од 200 натпревари во Бундеслигата за Нинберг и ХСВ. Дуелот со Вехен му беше 294 во кариерата.