Top Sport

Фудбалер од Боливија почина од корона вирусот неколку дена по смртта на неговиот татко

Роман Гузман, 26-годишниот фудбалер на боливискиот второлигаш Универзидад Тринидад, почина од корона вирусот откако долго време беше хоспитализиран.

Гузман живееше во градот Бени, местото кое е „епицентар“ на пандемијата во оваа јужноамериканска земја. За трагедијата да биде поголема, од истата болест почина неговиот татко Белизарио Роман, поранешен претседател на клубот, како и неговиот вујко Луис Кармело Роман.

Гузман е поранешен член на јуниорската репрезентација на Боливија, а играше и во прволигашот Насионал Потоси.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');