Top Sport

Арсенал преку Челси до финалето од Лига купот (видео)

Арсенал се пласираше во финалето на англискиот Лига куп, откако во вториот меч против Челси успеа да слави со 2:1 по ремито без голови на „Стемфорд бриџ“ пред една недела.

На патот до трофејот за тимот на Арсен Венгер се наоѓа незапирливиот Манчестер сити, кој во вторникот го елиминираше второлигашот Бристол сити.

Мечот воопшто не започна добро за „топчиите“, откако по само седум минути Педро одлично го пронајде Еден Азар и „Сините“ поведоа со 0:1. Сепак, Челси немаше многу среќа, откако во 11. минута по корнерот на Месут Озил, топката заврши во главата на дефанзивецот Ридигер и зад грбот на Тибо Куртоа за израмнување 1:1.

Победата и пласманот во финалето на Карабао купот за Арсенал го обезбеди Швајцарецот Гранит Џака по одличното додавање на Александар Лаказет. Новиот играч на Арсенал, Хенрик Мхитарјан не беше во составот и го следеше натпреварот од трибините.

Scroll to Top