Втората носителка на австралија опен, Каролина Вознијацки, ќе игра во финалето на овој Гренд слем. Таа во полу-финалето ја победи Белгијката Елиз Мертенс со 6:3, 7:6.
Вознијацки преку најголемото изненадување на женскиот дел од турнирот успеа да го напари она што не успеа во 2011 година, кога во полу-финалето против Ли На не реализира меч топка, а потоа и го загуби тој меч.
Нијанси и еден брејк, кој го направи Вознијацки го решија првиот сет. Двете тенисерки имаа речиси ист број на директни поени: Вознијацки 13, Мертенс 12.
Тенисерката од Данска прва направи брејк и во вториот сет (3:2), потоа сервираше за пласман во финалето при резултат 5:4, но Мертенс во тие моменти покажа карактер и успеа да израмни.
Во тај брејкот пресуди искуството на Вознијацки, која успеа да стигне до своето трето финале на Гренд слем турнирите, претходните две ги одигра на Отвореното првенство нс САД во 2009 и 2014 година.
Вознијацки во Мелбурн ќе се бори не само за првата Гренд слем титула во кариерата туку и за враќање на првата позиција на ВТА листата.
Противничка во финалето на данската тенисерка ќе и биде подобрата од второто полуфинале во кое ќе играат Симона Халеп и Анжелик Кербер.
??? @CaroWozniacki#AusOpen pic.twitter.com/kXOg4ZyAzd
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 25, 2018