Искусниот холандски тренер Берт ван Марвијк (65) ќе ја предводи фудбалската репрезентација на Австралија на Светското првенство во Русија. Челниците на австралискито Сојуз одлукта да го назначат ван Марвијк за селектор ја донеле по вечерашниот состанок со искусниот тренер.
Понудата која ја доби од Австралија значи дека Холанѓанецот сепак ќе биде присутен на СП. Имено, Ван Марвијк избори пласман во Русија со селекцијата на Саудиска Арабија, но на општо изненадување по изборениот пласман на СП тој не го продолжи договорот.
Токму Саудиска Арабија беше причината што Австралија мораше да игра дополнителен плејоф во азиските квалификации за да избори место на СП.
„Добро е што знам многу за играчите со кои ќе соработувам. Знам како тимот играше во тие две квалификациски средби против Саудиска Арабија која тогаш ја предводев. Импресиониран сум од условите, Австралија многу направи изминатите години во развојот на фудбалот. Мојот одговор кога ја добив понудата беше дека нема да одиме во Русија само да се натпреваруваме туку и да победуваме“, рекол Холанѓанецот.
Со Ван Марвијк, Австрлијците ја продолжија традицијата да имаат холандски тренери на чело на националниот тим. Гус Хидинк во 2006 година на СП во Германија играше во втората фаза, потоа во периодот од 2007 до 2010 одина селектор беше Пим Фербек, но тој не успеа да ја мине групата на СП во Јужна Африка.
А,, на тој Мундијал во Јужна Африка, ван Марвјик со Холандија стигна до финалето, каде по 120 минути борба загуби од Шпанија (1:0).
Противници на Австралија, во Групата Ц, на СП ќе бидат селекиите на Франција, Перу и Данска.