Top Sport

Боби Симонс до трипл-дабл за 22 минути (Видео)

Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа девет натпревари, а индивидуално се истакна младата ѕвезда на Филаделфија, Боби Симонс.

Австралиецот го запиша петтиот трипл-дабл во сезоната и покажа зошто е еден од главните кандидати за нградата руки на годината.

Симонс за 22 минути на теренот имаше учинок од 19 поени, 17 скока и 14 асистенции и 2 блокади. Филалдефија го победи Чикаго 115:101.

Најефикасен кај победникот беше Џоел Ембид со 22 поени, а Дарио Шариќ оставри 21 поен и 10 скока.

Блиску до трипл-дабл беше и шпанскиот ветеран во дресот на Сан Антонио, пау Гасол. Во убедливата победа на Спарс над Мемфис 108:85 тој забележа 14 поени, 15 скока и 9 асистенции.

На преостанатите натпревари: Џејмс Харден со 25 поени и 13 асистенции го предводеше Хјустон до победата над Далас 104:97, Торонто ја совлада Атланта 108:93, Индијана славеше над Феникс 116.101, а Њу Орлеанс забележа триумф над Шарлот 101:96.

Scroll to Top