Бекот на Атлетико Мадрид, Шиме Врсаљко е хит на социјалните мрежи, откако излезе видеото како тој влегува во погрешен автобус.
По елиминацијата на Атлетико од Севилја во Купот на Шпанија, во вторникот вечерта, Врсаљко напуштајќи го „Рамон Санчез Писхуан“ наместо во клупскиот влегува во автобусот на Севилја.
Гестот на хрватскиот репрезентативец насмеја многумина, особено неговиот колега од националниот тим Дејан Ловрен, а непртоценлива е и реакцијата на полицаецот кој стои покрај автобусот на Атлетико.
Инаку Севилја го елиминира Атлетико во четврт-финалето со вкупен резултат 5:2.