Трибуналот на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ), го казни Лацио со 50.000 евра бидејќи е „објективно одговорен“ за дистрибуцијата на анти-семитските стикери на кои Ана Франк го носеше дресот на градските ривали Рома.
Овие стикери се појавија на „Олимпико“ во Рим, стадион кој двата клуба го делат, на мечот на Рома против Каљари во октомври. По инцидентот, италијанските власти наредија читање на извадоци од дневникот на Ана Франк пред мечевите во сите лиги.
Истрагата покажа дека 13 навивачи на Лацио ги направиле и ги разделиле стикерите и тие добија доживотна суспензија од присуство на спортски настани.
Ана Франк е родена во Германија, но нејзиното семејство пребега во Холандија по доаѓањето на нацистите на власт и тие се криеја во Амстердам пред да бидат откриени и депортирани во концентрациони кампови. Таа почина во Берген-Белзен кога имаше само 15 години, но нејзиниот дневник стана „бесмртен“.
Пред италијанските мечеви ќе се чита дневникот на Ана Франк!