Славната актерка, Памела Андерсон, се пресели на југот на Франција поради нејзината врска со фудбалерот на Марсеј, Адил Рами.
50-годишната Андерсон се сретна со Рами на Ф1 трката во Монако минатата година, по што врската навистина им „тргна“ и сега Канаѓанката реши да ја издава својата вила во Малибу, додека таа ужива во Европа.
„Многу е тешко да се најде решение, но во моментов го правам тоа што го сакам. Живеам на југот на Франција, а 99 отсто од времето го правам тоа што најмногу го сакам“, вели Андерсон, која викендов беше забележана на меч на Марсеј.