Top Sport

Европа не му чини, Габигол се врати во Сантос

Напаѓачот на Интер, Габриел Барбоса се врати во Сантос како позајмен играч во следните 12 месеци, потврди бразилскиот клуб.

Габигол дојде кај „нераѕурите“ за 33.5 милиони евра летото 2016 година, но не успеа да направи ниту еден старт во Серија А и постигна само еден гол. По ова тој беше позајмен во Бенфика, но ниту таму не се снајде најдобро.
„Габигол повторно е во Сантос ФЦ. По 17 месеци во Европа, момчето од Вила се враќа во Пеише на една година“, потврдија од Сантос.

Во својот претходен настап за Сантос, Габигол постигна 57 гола во 157 натпревари и двапати го освои Паулисташампионатот.

„Сè се случи многу бргу, но ова беше вистинска лекција за мене. Среќен сум што сум назад каде што припаѓам и ќе го носам овој дрес. Сите знаеја колку сакав да се вратам“, вели Габигол.

Scroll to Top